Јанкулоска: Повредени 38 полицајци, приведени 30 демонстранти

од Vladimir Zorba
87 прегледи

Триесет и осум повредени полицајци, од кои шест посериозно, еден повреден цивил, 30 приведени демонстранти меѓу кои и двајца малолетници и голема материјална штета, е билансот од од синоќешните насилни протести  пред Владата на Република Македонија, информира денеска на прес-конференција министерката за вантрешни работи Гордана Јанкулоска

123(4)

За време на протестот уништени се седум полициски возила и друга опрема, искршени се прозорците на Радио Слободна Македонија, а било симнато и македонското знаме од јарболите пред Владата.

Мерките на полицијата, според министерката, биле легитимни. Полицијата, како што посочи Јанкулоска, ја разбила толпата во три правци, а дел од нив се обиделе да се скријат во приватни објекти.

Таа нема информација дали во нередите е повредена мајката на Мартин Нешковски, а досега во МВР тоа не е пријавено. Јанкулоска истакна и дека се уште не се прегледани и сите снимки од безбедносните камери.

МИА