Тајланд е меѓу оние туристички дестинации кои нудат многу и различни нешта достојни да го задоволатнепостојаниот вкус.
Луксузната вила Luxury Collector, која ќе ви ја презентираме сега, сигурно е дел од тајландското богатство, кое би ви помогнало за ова.
Таа е дел од Iniala Beach House – Одличен комплекс, лоциран во Панг Нга , Тајланд .Целиот ризорт се состои од три вили (секоја со по три апартмани), како и еден спектакуларен стан на поткровје.
Резиденцијата е вистинско ремек-дело на дизајнот, обединувајќи традиционална тајландска архитектура со органски, современи форми. Дел од дизајнерите на ризортот се архитектонските фирми Campana Brothers (Бразил), A-Cero (Шпанија), Joseph Walsh (Ирска), Mark Brazier-Jones (Нов Зеланд), Graham Lamb (Велика Британија) и Eggarat Wongcharit (Тајланд).
Секоја спална и дневна е уникатна сама по себе и исклучително различна од останатите. Комплексот располага со вкупно 10 спални, распределени во три одделни вили и ефектен пентхаус.
Сите тие го заслужуваат вашето внимание, па не се двоумете, туку погледнете во нашата галерија .
