Голем број граѓани се собраа пред македонското Собрание, откако не беа пуштени да протестираат пред Владата. Граѓаните палеа свеќи пред собраниската зграда, а потоа седнаа на асвалтот. На протестите се присутни и опозициски пратеници но и дел од раководството на СДСМ како Шекеринска и генсекот Оливер Спасовски.
87

