Премиерот Никола Греувски за време на неговото гостување во вестите на Сител телевизија истакна дека можеби на некои луѓе не им се допаѓа тоа што се случува во Македонија, соопштувајќи ја веста за пролетните проекции на ЕК дека Македонија ќе има највисок раст на БДП во Европа во 2015 годинa.
– Па можеби сето ова иницира сценарија кои сега се рализираат. Вчера прво со прес конференција на Заев, а потоа и со вечерните процеси се реализираа ваквите сценарија. Но, колку и да беа сечени, монтирани и прилепувани материјалите кои Заев ги објави сепак не успаа да го постигнат тоа што го сакаше и по сите негови искази. И медиумите поддржани од СДСМ преку насловите не успеаа да покажат што сакаат, а тоа е дека МВР и политичкката структура сакале да прикријат убиство. Колку и да крателе и лепеле се гледа дека навистина во првите 10-15 часа и МВР и министерката и другите институции немаат информација дека се случило убиство, тоа го докажуваат објавените разговори дека никој не пријавил убиство и дека е пријавено дури утредента попладне, истакна Груевски.
Според Груевски, Заев повторно се обидел да ги заведе граѓаните, со својот вовед на прес конференцијата, кој како што рече, звучи страшно.
– И јас да го слушам само воведот ќе си помислам што се случува, навистина е застрашувачки и води во друга насока. Вистинскиот наратив тука би требало да гласи – Слушнете сега како навистина луѓето од МВР не биле информирани за убиството, или слушнете како откако дознаваат за убиството се трудат максимално брзо да го разрешат и да го изнесат сторителот пред суд. Како тој навистина го признава убиството, па не сакал да потпише, тоа е вистинскиот наратив, вовед, контекст, рече тој.
Додека траеше интервјуто на Груевски на ТВ Сител, пред Собранието на РМ се протестираше поради задрскривањето на убиството на Мартин Нешковски.
Пред насобраните демонстранти се обрати и братот на убиениот Мартин Нешковски. Според Александар Нешковски протестите ќе се одржувале секој ден додека Јанкуловска не поднесе оставка.”
“Целта на овие протести коишто ќе се одржуваат следните денови секој ден во 18 часот е оставката на министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска, како и таа да понесе и командна одговорност,„Видовме од ‘бомбите’ дека целата врхушка била вмешана во обидот да се прикрие одговорноста за убиството на Мартин, но ние тоа не им го дозволивме“, изјави Нешкоски.

