Лабуристите би биле компромисни кон Русија

од Vladimir Zorba
102 прегледи

Ако Лабуристичката партија во Велика Британија ја преземе власта, тоа би можело да доведе до нов импулс на односите со Русија.

nfmgnmnm

Зголемената улога на Шкотска на политичката сцена на Велика Британија го принудува Лондон се почесто да гледа кон Единбург. А ветувањето на Конзервативната партија да распише референдум по прашањето за излез од ЕУ се јавува како една од мерките за задржување на електоратот  Такво мислење во врска со претстојните парламентарни избори  го искажа пред ТАСС британскиот политиколог, главен уредник и издавач на весникот “Политикс фрст” Маркус Пападопулос.

Со формирањето на новата влада позицијата на Велика Британија во однос на Русија во контекст на украинската криза, нема многушто да се измени, но политиката на Лабуристичката партија повеќе од останатите е насочена кон компромиси, смета политикологот. Според него, во Европа во моментов, многу партии од левиот политички простор сочувствуваат кон  Русија, а лабуристите никогаш не биле така тврди во однос на Русија како конзервативците, кои ја  претставуваат британската  елита “, вели политикологот. Според него предизборната кампања во земјата покажала дека надворешната политика не влијае радикално на интереси на населението, што е повеќе загрижено за сопственото битие.

Одговарајќи на прашање за целите на западните санкции против Русија Пападопулос одговара дека според него тоа се прави за да се опустоши руската економија, да се врати земјата во 90-тите години и да се покаже зависна од заеми од ММФ. Присуството на воени инструктори од САД и Велика Британија во Украина е барање пред Русија за прв чекор кон усвојувањето на Украина во долгорочна перспектива за член на НАТО, смета тој. Според него, ниту една политичка партија во Велика Британија нема да успее да формира функционална влада на малцинството без одржување на Шкотската националистичка партија / ШНП /.

Тој предвиде дека во Долниот дом може да влезат околу 50 пратеници од Шкотска. “Ако лидерот на Лабуристичката партија Ед Милибанд сака да формира Лабуристичката малцинска влада, за целта треба да преговара со ШНП. Иако и јавно да изјави дека нема да го стори тоа, јасно е дека малцинската влада без ШНП не може да има” , уверен е Пападопулос. Тој го коментира и предизборното ветување на Конзервативната партија и нејзиниот водач – актуелниот премиер на Велика Британија Дејвид Камерон за одржување референдум за излез од ЕУ.

Според него треба да се обрне внимание на слични позиции по ова прашање со Партијата за независност на Велика Британија / UKIP /, која пак е сериозен конкурент, како што тоа го покажа на претходните избори за европратеници и локални органи на власта.