Чан Чан се наоѓа во близина на пацифичкото крајбрежје во регионот на Ла Либертад , Перу .
Некогаш, пред Колумбо да ја открие Јужна Америка, градот бил најголемиот на целиот континент.
Денес Чан Чан исто така може да се пофали со “почести” – тој продолжува на биде најголемиот град, само од глина и тоа во целиот свет!
Пред многу, многу години Чан Чан бил престолнина на цивилицазиjaта Чиму . Тој е изграден околу 850 година и постоел до освојувањеto од империјата на Инките во 1470 година. Во најдобрите години, за време на Чиму, глинeниот град се протегал на 20 квадратни километри и во него живееле околу 60 000 луѓе .
Во Чан Чан имало девет големи правоаголни тврдини , опкружени со густи глинени ѕидови – високи меѓу 10 и 20 метри. Помеѓу нив се криеле илјадници згради, вклучувајќи храмови, домови, магацини и погребални платформи .Често на ѕидовите на зградите можат да се видат врежани гравури, претставувајќи апстрактни мотиви и животни.
Надвор од овие девет тврдини се наоѓаат четири сектори , во кои се работело ( ткаење, обработка на злато и сребро ). За жал, Чан Чан бил лишен од благородни метали, благодарение на шпанските ловци на богатство кои го ограбиле градот уште во 16 век.

Фото: tripscout.net
Невообичаениот град е создаден во една од најмрачните крајбрежни пустини во светот , каде што просечната годишна сума на врнежи е исклучително мала. Поради сувиот пустински воздух, глинената структура на Чан Чан се задржала и до денес.
Иронично сепак, климатските промени се закануваат за постоењето на античкиот град, бидејќи во последно време поројните дождови во реонот се вообичаени.
