Веќе две недели нема средба СДСМ-ВМРО ДПМНЕ во Брисел

од desk3
100 прегледи

Веќе две недели нема никава информација ниту, пак, најава за трета средба за преговорите меѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ што се одржуваат во Брисел.

brisel 1_0

Иако на втората, последна средба, во кусо соопштение беше објавено дека ќе се одржи трета рунда преговори, речиси три недели нема никаква информација за нов датум за преговори.

Радмила Шекеринска, која е дел од преговарачкиот тим на СДСМ, вели дека преговорите не се официјално откажани.

– Засега нема планови за нова средба, но преговорите не се официјално откажани – изјави Шекеринска за „Мета“.
Претставниците на ВМРО-ДПМНЕ не одговараат на телефонските повици.

 

Извор: МЕТА