Заев вети: По промената на власта ќе биде отворена нова и темелна истрага за смртта на новинарот Никола Младенов

од desk3
114 прегледи

Првиот опозиционер Заев на денешната прес конференцја јавно вети дека по промената на власта ќе биде отворена нова и темелна истрага за смртта на новинарот Никола Младенов.

Заев посочи дека според записникот на полицијата постојат четири факти поради кои е потребна нова истрага за смртта на Никола Младенов.

mladenov-735x400

„Младенов возел по десната сообраќајна лента, оштетувањата на предниот дел од возилото на Младенов, со што се потврдува дека возилото удрило со предниот дел во металната заштитна ограда. Во записникот на МВР никаде не пишува дека пукнала гума и дека тоа било причина за свртување во десно. Постоеле траги од црвена и црна боја на возилото на Младенов. Црвена боја која се користи за заштита на метални површини карактеристична за автомобилски бои. Црната боја е од црн полимер.

Постои голема веројатност доколку возилото на Младенов било удрено во задниот дел да се заротирало со предниот дел во десно и да излатело од патот. Можна причина за нагло завртување. Движењето на возилото на Младенов и трагите се најважна причина за нова истрага за смртта на Никола Младенов. Не се најдени траги од крв на предното ветробранско стакло и на неговата облека. Како излетало телото на Младонов? Усмртеното тело на Младенов било пронајдено на дури 22,5 метри од возилото.

Зошто беше посочен сосема погрешен податок дека телото на Младенов било пронајдено на седум метри од возилото. Три фискални сметки биле пронајдени на местото на настанот. Зошто Зврлевски изјави дека не се пронајдени фискални сметки, а во записникот стојат“- информираше Заев.