“Грција ќе се придржува кон своите главни ветувања пред електоратот и нема да прави отстапки во преговорите со доверителите”, изјави портпаролот на Владата, цитиран од БиБиСи.
“Трудовото и пензиските прашања не се предмет на договарање”, изјави Габриел Сакеларидис. “Ние нема да ја премине границата на главните ветувања. Јасно е дека нема да ги намалиме пензиите”, рече тој.
Разговорите со Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) и Европската унија (ЕУ) ќе продолжат во текот на викендот. Доверителите побараа намалување на трошоците, за да може Грција да продолжи да добива финансиска помош.
Но владејачката партија СИРИЗА, предводена од Алексис Ципрас, беше избрана минатата година со ветувањата да ги ослабне мерките на штедење, да се зголеми минималната плата и да спроведе програма за создавање на нови работни места.
“Не треба да има очекување од страна на институциите, дека владата ќе се откаже од сè”, изјави портпаролот. “Кога се преговара, треба да има взаемни отстапки”, додаде тој. / БиБиСи
