Помала вооружена група забележана во кумановскиот регион, за која се претпоставува дека е влезена во Македонија преку Слупчанска страна од Косово, по претпоставака од Прешевската долина информираат извори за Локално.мк.
Слична информација изутрина лиферуваше и поорталот на албански јазик интернет портал Журнал. Според истиот извор вооружената групи се собира во околните села на Куманово, и се движат во планините на Карадак и Куманово. Неофицијално, овие луѓе се подготвувале да дејствуваат на поинаков начин отколку на настанот што се случи претходниот пат во Гошинце.
Индикативно е што во исто време голем број на полициски сили се стационирани во кумановско-липковскиот регион. На влез и излез од општина Ликпково, полицијата врши контрола над сите моторни возила кои се движат во тие насоки.
Жителите од овој регион според Журнал , алармирaат за големото присуство на полициските сили, кои ги контролират сите моторни визила. Слични полициски контроли се забележани и на влезот и излезот од Куманово. Полицијата за сега не дава официјална причина за големиот број на припадници на полицијата како и за деталните контроли на моторните возила.
Локално.МК побара информација од МВР, кои ниту ја потвдуваат ниту ја демантираат информација. Единствено што ни кажаа дека полицијата будно ги следи и сериозно ги анализира сите информации кои пристигнуваат и е подготвена соодветно да реагира.
Во исто време за вечерва во Куманово е закажан голем митинг на опозицијата , на кој се очекува несекојдневен голем одзив на граѓаните, од сите националности.
Според непотврдени информации, ваквите групи немаат подддршка од локалното население, и голема веројатност е нивната цел да е користење на актуелната ситуација, ловење во матно , за да се поврзе со вечерашниот протест во Куманово кој го организира опозицијата.
Експерти од оваа проблематика за локално.мк коментираат дека најверојатно станува збор за криминални групи, можеби од Косово а поверојатно во комбинација со локалци, кои немаат поддршка од некогашната УЧК , на која се повикуваат, кои сакаат да ја искористат тензичната ситуација и да го фокусираат вниманието врз себе наспроти актуелните случувања .
Треба да се биде во секој случај внимателен, и може да се очекуваат тој тип на инциденти, нешто слично како на протестите на опозицијaта, каде се инфилтрираат радикални и насилни групи кои предизвикуваат инциденти со полицијата.
