Синоќа е претепан претседателот на Општинската организација на СДСМ од Центар, Саша Богдановиќ, информираше Петре Шилегов.
– Околу полноќ, во моментот кога Богдановиќ излегувал од својот автомобил, пред зградата во којашто престојува, две лица, со црни маски, веднаш го нападнале со метални шипки и го претепале. Настанот се случил пред неколку очевидци и граѓани од околните згради.
– Од нападот Богдановиќ се здобил со тешки телесни повреди. Поради сериозноста на повредите тој итно е пренесен во Ургентниот центар во Скопје кадешто му е укажана медицинска помош. Случајно, на местото на настанот се нашол полицаец кој брзо и професионално реагирал и успеал да приведе еден од напаѓачите.
– Бараме МВР веднаш да соопшти кој е сторителот којшто бил приведен од совесниот полицаец?, рече Шилегов.
