(ВИДЕО) ЕК нуди експерти кои ќе ја гарантираат независноста на истрагата за кривичната одговорност од прислушувањата

од desk3
90 прегледи

Еврокомесарот за проширување и соседска политика Јоханес Хан изјави во Белград дека ситуацијата во Македонија е многу сериозна и членови на Европскиот парламент веќе разговараат со спротивставените страни и се обидуваат да најдат решение. Според него, во наредниот период клучно е да се утврди кривична и политичка одговорност за случувањата во Македонија.

HAN
Тој по средбата со српскиот премиер Александар Вучиќ порача и дека потребно е опозицијата да се врати во парламентот, а истовремено да се формира истражен комитет кој ќе се занимава со политичката одговорност на целото прашање.

– Таа ситуација е многу озбилна и опасна. Членовите на ЕУ Парламентот се обидуваат да разговааат за решение меѓу клучните учесници во судирот. Мора да има истрага, од една страна за кривична одговорност, а од друга страна за политичкиот скандал, така што е потребно е опозицијата да се врати во Парламентот веднаш, таму да има извршен комитет кој ќе работи на политичка одговорност на случајот, независно од судската истрага која треба да се грижи за криминалните аспекти. Ние како ЕК понудивме да дадеме поддршка за да обезбедиме соодветни експерти кои ќе ја гарантираат независноста на истрагата На одговорните во земјата е да се занимаваат со тоа, но како да се занимаваат со тоа , истакнал Хан.

Независно од политичарите и политичкиот систем, како што наведува Хан правосудството мора да го проследи случајот и да се погрижи за неговите кривични аспекти.