Повредените полицајци пренесени во Скопје, ранети и во кумановската болница

од Vladimir Zorba
122 прегледи
Под силно полициско обезбедување на специјалните сили се сите влезови на Клиничкиот центар во Скопје каде што се пренесуваат повредените полицајци од акцијата утринава во Куманово.Се шпекулира дека и во кумановската болница има десетици повредени во акцијата, а само тие потешките случаи се носат за Скопје.
image-1431149383933-v
Блокиран е главниот влез во болницата, каде што се очекува да бидат донесени петмината ранети во акцијата што утринава околу 4 часот почна да ја спроведува полицијата во потрага по неидентификувана вооружена група
pukanjeKumanovsk1-1
Запалена е и една куќа во кумановското Диво насеље,а граѓаните кои два часа слушаа пукотници  им се забранува да излезат од своите домови. Сите приоди кон градот се блокирани. МВР се уште не соопштува детали за полициската акција.
Слични содржини на Локално.мк