Престрелките во реонот на „Диво насеље“ каде се потиснати двете банди повторно добива на жестина. Се слушаат сирени на возила на брза помош и полицијата не дозволува пристап, за никого и апелира граѓаните да останат мирни.

Настаните ги следат повеќе новинарски екипи од земјата и од регионот. Последните извештаи беа дека се повредени најмалку 15 лица, но извесно е дека има многу повеќе, со оглед на тоа што медицински установи добиле наредба да не даваат никакви информации.Мобилизирани се сите хирушки одделенија во скопската и кумановска клиника. Во Клиничкиот центар во Скопје во моментов се пренесуваат потешко поврдените. Иако нема потврда неофицијално се шпекулира дека има загинати.
Големи полициски сили се упатуваат кон Куманово а критчните точки се надлетуваат со хеликоптери.
МВР само кусо без детали потврди само дека е во тек акција за разбивање на вооружени терористички банди .

