Зоран Дамјановски- Циц за НОВА: Ситуацијата е драматична, апелирам за присебност

од Vladimir Zorba
159 прегледи

Градоначалникот на Куманово, Зоран Дамјановски- Циц во изјава за НОВА вели дека ситуацијата е драматична во градот, но апелира граѓаните да останат мирни и присебни и да не подлегнуваат на провокации.

циц– Од утрово Куманово е во приправна состојба. Утрото не затече со детонации, пукотници, хеликоптери и тоа трае цел ден. Има акција на МВР за ликвидација на вооружана група која неколку дена е присутна во тој дел на градот.

Бројката на оваа група неофицијално е 50-70 луѓе, се говори дека биле сместени во приватна куќа, но од страна на МВР се опколени , нападнати, дисперзерани се, а во моментов се водат потери по разни делови низ населбата Дива населба.

Блокирана е комплетно населбата, а неофицијално има погинати, повредени цивили и полицајци.

повеќе тука