Амбасадата на САД: Сочувство за загинатите полицајци и граѓани!

од desk3
80 прегледи

Иако официјално не се соопштува официјалната бројка на повредени од престрелката во Kуманово, амбасадата на САД во Скопје изрази сочувство до семејствата на загинатите.

USEmbassySkopje

„Длабоко жалиме за загубите на човечки животи во врска со акциите во и околу Куманово и го изразуваме нашето сочувство кон семејствата на загинатите полицајци и граѓани, како и кон оние кои се повредени. Ја следиме состојбата и сме во постојан контакт со властите и со политичките лидери. Ги повикуваме граѓаните да останат смирени и да дозволат утврдување на фактите“, соопшти амбасадата на САД во Скопје.