Дел од населението се повлекува од кумановската населба „Тоде Мендол“

од desk3
132 прегледи

Во Куманово попладнево повремено се интензивираат истрелите од огнено оружје во правец од населбата „Тоде Мендол“, каде од рано изутрината е во тек полициска акција за разбивање вооружена терористичка група.

EVA

Дел од жителите постепено се повлекуваат од населбата, а општинските власти најавија максимална поддршка зависно од потребите. За попладнево е најавена вонредна седница на Советот на општина Куманово.

Пристапот до населбата „Тоде Мендол“ е блокиран освен за возила на полицијата и на Прва помош. Во останатите кумановски населби сообраќајот се одвива нормално, но е забележливо засилено полициско присуство.

Сообраќајот по автопатот од Табановце-Куманово-Скопје се одвива нормално и нема никаков застој./МИА