Потребни производи:
- 1/3 чаша маслиново масло
- 2 јајца
- 200 мл млеко
- 1 лажиче шеќер
- 1 лажиче сол
- 20 г квасец
- 500 г брашно
- ½ чаша стопен путер
- 2 чајни лажици сушен магдонос
- 2 лажици сушен рузмарин
- 2 лажици сушен босилек
- 7 чешниња лук, мелено
Подготовка:
Растворете го квасецот во млекото, што е добро да е на собна температура. Додадете шеќер и неколку лажици брашно. Промешајте за да се добие каша. Нека оваа каша отстои – тогаш квасецот е добро растворен.
Промешајте ја смесата со јајцата, солта и брашното. Замесете меко тесто. Откако ќе го измесите целосно оставете го да нарасне покриено со крпа.
Иситнете ги билките во блендер со лук и маслиново масло.
Откако тестото ќе нарасне го направете го во кружна форма. Намачкајте обилно кората тесто со зачините и маслиновото масло. Мачкајте повторно и оформете леб. Ставете го во подмачкана тава.
Печете во загреана рерна на 180 степени.
