Ова се моите два најтешки дена, убиени се 8, ранети 37 полицајци. Бевме под закана на опасна терористичка група која им се закануваше на сите, истакна на денешната прес конференција премиерот Никола Груевски
Сакам да се заблагодарам на сите кои учествуваа во оваа најтешка и најкомплицирана акција на полциските сили досега.
Добар дел од медиумите сакаат да шпекулираат и да навлечат македонско -албански судир. На лицата кои беа оштетени ке им биде извршена финансиска надокнада.
Околи 30 терористи по повеќе часовна акција излегоа со бели знамиња се предадоа и ќе им се суди зпоред македоски закони и судови, нагласи Груевски
Пронајдени се 14 тела и сеуште се идентификуваат.
Според првични сознанија тоа се лицата кои направија напад врз Гошинце и се учесници и во други конфликт специјалци за герилско и за терористичко делување. Се сметаа за најопасна група на Балканот
Ќе се утврдуваат сите мотивите, но едно е сигурно еден мотив беше – дестабилизација на Македнија. Имавме беспрекорна координациа, и сите кои сме на одоворни позиции и сите се координиравме.
Апелирам оние кои ги напаѓаат опозицијата и власта да престанат затоа шти ни е потребно единство. Неопходноста и тајмингот беа прецизно определени и секое одложување носеше ризици.
Кукавички е да се собираат политички поен како она што го правеа некои т.н новинари и политичари, од земјата и странство.
Благодарност до сите за поддршката.
Македонија има сила и ваквите настани нема да ја одвратат Македонија од нејзиниот зацртан пат и сите кои се спротиставуваат,, и сакаат да и нанесат зло како овие терористи, ќе бидат елиминирани и ќе завршат како оваа групација, со 24 часовна борба
Акцијата беше дефинирана да се избегнат цивилни жртви, и до сега немаме пријави за цивилни жртви, а други детали во врска со акцијата ќе бидат соопштени во соодветно време одоговори премиеорт Никола Груевски на новинарски прашања.
