Тој истакна дека Куманово се наоѓа на само 70 км од бугарската граница и додаде дека тоа што се случува во Македонија, е последица од етничките тензии во Македонија уште од 2000-2001 година.

– Тогаш конфликтот започна на ист начин. Пред десетина дена една таква група во Западна Македонија зазема полициска станица, но тогаш немаше таков радикален одговор од властите. Можеби оваа вооружена група дојде како добар повод за властите во Скопје, да направат една бучна акција и да тргне фокусот од протестите против нив и да го насочи кон албанскиот сепаратизам – вели лидерот на ВМРО-БНД.

Според Каракачанов проблемите се поставени уште со Охридскиот договор, кој му дава големи права на албанското население во Македонија./МЕТА