
Амбасадорите на САД, ЕУ, ОБСЕ и НАТО излегоа со заедничка изјава по куманоските настани. Би ја пренесуваме:
“Сите длабоко жалиме за загубата на животи во операцијата во Куманово која изгледа е завршена.
Нашите мисли се со семејствата на полицајците кои беа убиени во операцијата и со граѓаните кои се најдоа среде насилствата.
Легитимните политички претставници овде и во регионот го отфрлија насилството. Вооружените групи во Куманово се изолиран феномен.
Силно веруваме дека не смее да се нарушат односите во општеството.
Исто така се надеваме дека ова е моментот лидерите да се обединат и да почнат дијалог за сите прашања со кои се соочува земјата, вклучувајќи ја продолжената политичка криза и неопходните реформи”
Извор: Телма