Денеска во 10 часот претседателот Ѓорге Иванов ќе ги прими Џес Бејли, амбасадор на Соединетите Американски Држави, Аиво Орав, шеф на Делегацијата на Европската Унија, Ралф Брет, шеф на мисијата на ОБСЕ, капетан Румен Радев, шеф на Канцеларијата за врски на НАТО и амбасадорот на Република Турција, Омур Шолендил, како НАТО контакт амбасадор, соопшти кабинетот на Иванов.
Вчера во своето обраќање претседателот Иванов рече дека за вооружената терористичка група уште на почетокот на 2015 година „писмено информиравме 17 партнерски служби на земјите од ЕвропскатаУунија и НАТО, како и земјите во регионот. Можам да констатирам дека размената на информации, со цел да се изврши превенција на намерите на групата не даде резултат“.
