Блумберг: Грција чека симболичен гест од Еврогрупата

од Vladimir Zorba
92 прегледи

Грција има потреба од барем една симболична демонстрација на напредокот за време на денешната средба на министрите за финансии од еврозоната во Брисел, коментира “Блумберг”.

грција прего

Со овој гест од земјата на Еврогрупата Грција се надева да ги убеди Европската централна банка (ЕЦБ) да го  задржи итното финансирање на грчки банки во неговото сегашно темпо. Следната  пречка доаѓа само ден подоцна, кога Грција треба да плати околу 750 милиони евра (840 милиони долари) на Меѓународниот монетарен фонд.

Ципрас одржа неколку часовна  средба со министри од кабинетот во неделата, за да ги информира за преговорите. “Атина очекува Еврогрупата да го признае официјално важниот напредок”, изјави грчки владин претставник, кој побарал анонимност, бидејќи разговорите беа затворени за новинари.

За време на неделната средба Ципрас и неговите министри ја потврдија потребата од заемно корисна договор во рамките на мандатот на владата. Средбата во Атина се одржа под зголемен притисок врз владата да се откаже од предизборните ветувања, направени пред само еден месец. Никој надвор од  Атина не знае со сигурност колку долго земјата може да се задржи на површината.

“Искуството на други места во светот покажува дека една земја може одеднаш да престане да ги плаќа сметките”, изјави германскиот министер за финансии Волфганг Шојбле во интервју за германскиот весник “Франкфуртер алгемајне цајтунг” во саботата. Шојбле изјави дека ако Грција биде принудена да ја напушти еврозоната, “тоа нема да биде наша вина”.

Минатиот петок претставник на ЕУ најави дека промената на учесниците е подобрена  каок и структурата и организацијата на преговорите. Стана јасно уште дека и покрај приближување со Грција во голем број области, нема да има конечен договор.

Во исто време холандскиот министер за финансии и претседател на Еврогрупата Јерун Дајселблум изјави  за италијанскиот весник “Кориере дела сера”, дека денес сигурно нема да има договор. Тој објасни дека има потреба од повеќе време, но не утврди колку точно. Средбата започнува во 15:00 часот.

Варуфакис ќе биде главен претставник на Грција за време на состанокот во Брисел. Тој негираше дека е сам. “Јас сум главен преговарач за грчката влада”, изјави тој за Би-Би-Си.

Ентузијазмот на Ципрас по изборите беше вшмукување од економскиот тест за Грција и потенцијалниот избор меѓу кревка држава внатре во еврозоната или непознатата иднина надвор од неа. 54% од Грците ја  поддржуваат владината стратегија за преговори во споредба со 82% во февруари, покажа анкетата објавена во саботата. Дали Грција ќе се соочи пред доверителите да го достигнат својот врв на трпение останува отворено прашање. Некои членови на Демохристијанската блок на германскиот канцелар  ја оспоруваат намерата на Меркел да ја задржи Грција во еврозоната. Други вработени на германското Министерство за финансии ја бранат  тезата дека еврозоната ќе биде подобро без Грција.

“Во Грција има растечката свесност дека времето истекува”, изјави вчера италијанскиот министер за финансии Пјер Карло Падоан.