Средношколците почнаа правно да “играат” и да се борат за своите права. Тие денеска се вратија на часови, но потоа дојдоа во кампот пред МОН. Го продолжуваат бојкотот на наставата.
Според нив тоа било преодно решение за повторно активирање на бојкотот и избегнување на законските одредби кои предвидуваат парични казни за нивните родители.
Поради новонастаната ситуација во државата, средношколците велат дека тие не се чувствуваат безбедно во кампот поставен во Паркот на новинари спроти Министерството за образование и наука и итно бараат средба со ресорниот министер Абдилаќим Адеми.
Средношколците велат дека не отстапуваат од нивните барања за враќање на стариот концепт на државна матура и стопирање на екстерното тестирање.
Досега околу 17 илјади граѓани се потпишале на петицијата за поддршка за средношколците.
Видео: А1он