111
Извештајот беше последното истражување на убиениот опозиционер Борис Немцов, кој собирал информации и вршел интервјуа со семејствата, за да се побие тезата на Кремљ дека нема руски војници кои се борат во Украина. Немцов беше убиен во центарот на Москва во февруари, а членови на либералната партија РПР – ПАРНАС и неколку новинари помогнаа за довршување на неговиот извештај. Портпаролот на Кремљ одби да ги коментира наводите на извештајот, тврдејќи дека не е запознаен со него, и не можеше да потврди дали претседателот Владимир Путин ќе го чита извештајот.
Илја Јашин, кој му помагаше на Немцов, обвинувајќи го Путин за грешката на Русите, со водење на воени дејствија и негирање на тоа. “Војната во Украина не е прогласена војна, тоа е зла, цинична војна која е злосторство против целата руска нација. Путин ќе остане во историјата како претседателот, кој ги направи Русите и Украинците непријатели”, изјави Јашин на прес-конференција. Во извештајот, започнат од Немцов, откако семејствата на руски војници убиени во Украина, побарале помош, се вели дека дочле до сознзаија дека најмалку 150 руски војници биле убиени во борбите околу Иловаск и во други делови на источна Украина минатото лето. Нивните блиски добиле 3 милиони рубљи компензација, под услов да не зборуваат јавно за нивната смрт, тврди извештајот. Други 70 руски војници се убиени во борбите околу Дебалцево претходно оваа година, а нивните блиски не добиле надомест.
Според авторите на извештајот руските војници биле принудени да гја напуштат официјално армијата, пред да се упатат кон источна Украина, што ја поддржува тезата на Москва дека во граѓанската војна не се бореле руски војници, туку само доброволци. Грубите проценки покажуваат дека за 10 месеци Кремљ има поминато 53 милијарди рубли, за да им даде поддршка на руските “волонтери” и украинските сепаратисти им е обезбедувано секаква совремна воена техника и оружје .
