Претседателот на ДС, Павле Трајанов, ги демантира тврдењата дека општинскиот огранок на СДСМ во Виница поднел оставка од партијата и дека членовите се приклонуваат кон неговата партија, која е во коалиција со власта.Обична лага!
– Се појави таква информација, но не само за Виница, туку за сите градови од источна Македонија. Но тоа е дезинформација. Некој го објавил на фејсбук, а други го преземале. Ние како партија го демантираме тоа, а наскоро ќе пуштиме и соопштение до медиумите, вели Трајанов за А1On.
На прашањето што по оставките на првите луѓе Трајанов за локално.мк изјави
Оставките се почеток на утврдување на политичката одговорност со напуштање на високите функции, и тоа во суштина ја отвора можноста за темелна и транспарента истрага на кршењето на правата на граѓаните преку злоупотребите на функциите и системот за прислушување . Тоа е исто така почеток и за темелна анализа и документирање на објавеното на разговорите од бомбите, изјави лидерот на Демократскиот Сојуз Павле Трајанов, на прашањето за прв коменар за оставките на минстрите Гордана Јанкуловска, Миле Јанакиевски и директор на тајната полиција Сашо Мијалков.
Нашиот став како ДС од самиот старт на аферата „Пуч“ е принципиелен, и оваа почетна реконструкција на Груевски , во целост ги потврдува нашите позиции дека сме биле во право .
Дали очекувате нови оставки, во Владата на Груевски?
Очекувам и ќе бараме да се формира парламентарен комитет за истрага со широки овластувања што ќе спроведе темелна анализа и ќе предложи платформа, која со парламентарна расправа ќе биде почеток на излез од кризата.


