Албанските портали Ватра и Ботасот информираа дека неофицијално дознале дека во текот на минатата вечер непознати лица го нападнале домот на лидерот на ДУИ, Али Ахмети. Според порталот врз куќата на Ахмети околу 22:30 минатата ноќ биле фрлени две рачни гранати кои ги вознемириле жителите на Зајас.
Овој напад доаѓа неколку дена по нападот на седиштето на ДУИ, каде што луѓе на мотор фрлија бомба во објектот на ДУИ во Мала Речица.
Порталите се обиделе да контактираат Бујар Османи, портпарол на ДУИ за да го потврди случајот, но на почетокот бил недостапен и преку порака не го потврдил настанот.
