
Со 74 гласови – За и 4 против, Собранието на Република Македонија ги изгласа новите министри за внатрешни работи и за транспорт и врски. Со МВР ќе раководи досегашниот директор на бирото за јавна безбедност, Митко Чавков, а со транспорт и врски Владо Мисајловски, досегашен директор на ЈП за државни патишта.
Премиерот Никола Груевски ги предложи Чавков и Мисајловски за нови членови на Владата откако оставки поднесоа Гордана Јанкулоска и Миле Јанакиески.