Во 14:30 ч. Заев, Груевски, Ахмети и Тачи на иста маса- Бејли и Орав ќе ги мират

од desk3
72 прегледи

Денеска сепак ќе има лидерска средба со четворицата лидери и плус меѓунардни претставници како што бараше лидерот на опозицијата Зоран Заев. Закажана е за во 14 и 30 часот.

LIDER-290x300

Неофицијално дел од учесниците на средбата очекувата да биде презентиран и план за излез од политичката криза.

По неговото одбивање да седне сам со Никола Груевски, Мендух Тачи и Али Ахмети, доцна синоќа , сепак, опозицискиот лидер Заев бил убеден да дојде на лидерска средба денеска , откако бил уверен дека на неа ќе присуствуваат амбасадорите Бејли и Орав. За средба без меѓунардни претсавници , опозицискиот лидер рече дека нема што да бара на неа. Образложението му било дека искуството му покажало дека пред се Груевски вакви средби ги искористува за пуштање неточни содржини за што е договарано или разговарано преку неговите медиуми.

За да се убеди Заев , сепак, според дипломатски извори, врз него попладнево притискале амбасадорите на САД, Бејли и на ЕУ, Орав со ветување дека лидерската средба ќе биде со нивно присуство.

Од СДСМ велат дека нивниот лидер ќе повтори дека остануваат на барањето за оставка на владата на Груевски и формирање преодна влада на која разбирливо не би бил тој.

За СДСМ останува ставот дека оставките на Мијалков, Јанкуловска и Јанакиевски, се уште еден маневар на премиерот да остане на власт со таква “отстапка“. За опозицијата тоа не е прифатливо, туку проблемот за кризата ја гледаат и натаму директно во премиерот Груевски и како што велат неговото диктаторско владеење.

Опозицијата во недела на 17 ќе го започне зедно со многу невладини здруженија големиот собир „Граѓаните за Македонија“ и најверојатно истиот би траел се додека Груевски не прифати да си замине од премиерскиот кабинет.

Загрижени од обидот на Груевски и неговата партија на граѓаните што со денови му бараат оставка, да се брани со контрапротест на 18-ти, странските амбасадори во земјава прават напори преку лидерска средба да ги смират тензиите.