Средношколците: Да беа Адеми и Ристовски вистинските луѓе за овој ресор, ние сега ќе седевме пред книга!

од desk3
125 прегледи

Министерството за образование и наука не држи надвор од училиштата, спиејќи во шатори веќе втора недела, надвор на отворено, на јавен простор. А безбедноста на средношколците од ‪#‎СредношколскиФронт‬ никој не може да ја гарантира.

Да беа Абдулаким Адеми и Спиро Ристовски вистинските луѓе за овој ресор, ние сега ќе седевме пред книга и ќе се боревме за крајните оценки.

116

Да им бевме важни, уште првиот ден ќе ни ги исполнеа барањата, кои се аргументирани, издржани и поддржани од над 18000 средношколци.

Да се грижеа за нас, немаше во ваква кризна ситуација, каде сè се менува од час во час, да не остават надвор на улица, препуштени сами на себе.

Да сакаа да не слушнат, ќе го направеа тоа, затоа што ние сме гласни, а родителите, наставниците и студентите со своите пленуми стојат зад нас и нашите барања.

Да сакаа, ама не сакаат. Само заборавија дека на крајот најупорниот секогаш победува.

‪#‎ПоздравПленумци‬

Интегрален текст од соопштение на СП