Поголеми казни за поголемите, помали за помалите фирми кои нема да исплаќаат минимална плата

од desk3
93 прегледи

Пратениците денеска, со 60 гласови „за“, без ниту еден воздржани и против, ги донесоа измените и дополнувањата на Законот за минимална плата по скратена постапка.

plata-564x272

Со измените, како што нагласи министерот за труд и социјална политика Диме Спасов, се овозможува системска заштита на работниците кои остваруваат минимална плата, односно, се воспоставува поправичен систем на исплата на минимална плата, како и поправично казнување на работодавачите кои не го почитуваат законот. Казните нема да бидат исти за сите, ќе зависат од големината на бизнисот.

Новиот систем, додаде Спасов, воедно ќе ги дестиумилира приватните компании во неисплаќањето минимални плати зашто казните се во висина на речиси една плата (300 евра глоба за правно и 150 евра за одговорното лице, како и половина од овие суми при порамнувањето – ако платата се исплати за седум дена од санкционирањето).

– Измените на законот значат целосна промена на концептот за санкционирање на работодавачите кои не исплаќаат минимални плати, а се доставени по претходна согласност на сите партнери во економско-социјалониот совет и претставниците на реперезентативните синдикати и организации на работодавачи, подвлече Спасов.