Ако Африка и нејзината егзотика ве привлекуваат, тогаш дефинитивно еден хотел во Боцвана нема да ве остави рамнодушни.
Станува збор за Sandibe Okavango Safari Lodge, кој се наоѓа во рамките на делтата на реката Окаванго .
Тој е дизајниран така што личи на вистинска оаза среде саваната. Архитектите Мајклс Бојд и Ник Плевман одбрале дизајн кој личи на кожурец преку кој се засилува чувството на удобност меѓу африканскиот пејзаж.
Хотелот не само што се комбинира перфектно со околните природни атракции, но и нуди 12 внатрешни апартмани кои се единствени од ваков вид. За да се задржи во фокусот на неверојатниот пејзаж и волшебна дива природа, внатрешноста на чардакот располага со минималистички ентериери.
Најважно во однос на дизајнот сепак е фактот дека тој е еколошки .Надворешната површина е покриена со природни материјали, што го прави бетонот непотребен во структурата. Електричната енергија се произведува од соларен панел, што дополнително ја штеди природата на Боцвана.

Фото: Sandibe Okavango Safari Lodge
Другото убаво за гостите на Sandibe Okavango Safari Lodge е дека можат да се релаксираат во своите светли и пространи соби, да слушаат релаксирачки звуци на чистата животна средина и одблиску да следат како нилските коњи се капат во реката.










