По 12 дена престој и окупација на дел од просториите на ИВЗ, скопскиот муфтија и неговите приврзаници ги напуштија просториите и ги вратија одземените предмети -јавија неколку албански портали.
Со овој чин Скопското муфтиство сака да овозможи дијалогот за проблемите во ИВЗ, но сакале и престојниот празник Рамазан да помине во мирна атмосфера
Од ИВЗ потврдија дека печатот и другите предмети на ИВЗ кои беа насилно одземени се вратени преку адвокатот.