Студентите во недела во 13 тргнуваат на марш од УКИМ

од Vladimir Zorba
83 прегледи

Студентскиот пленум не застана во борбата за исполнување на студентските барања и потреби. Перцепцијата дека во оваа држава студентските барања би биле слушнати, во најмала рака е наивна. Нѝ треба плодна почва за да можеме да ги изреализираме студентските барања и за воопшто да можеме да се надеваме дека некогаш студентите во оваа држава ќе бидат задоволени.

10003583_1637065296523753_722276594708029670_o (1)

Владата се осмели да нѝ застане на патот, да нè спречи во нашата борба преку покажување на сила на нас, а воедно и да уапси наши колеги само затоа што го користеа своето уставно загарантирано право на протест и искажување на својот став.

Затоа, студентите ќе потврдат дека студентската сила е непобедлива и студентскиот дух непокорлив. Студентскиот интелект е моќ која ниедна влада не сака да ја има против себе. Недемократскиот, нетранспарентниот и одвратниот однос со кој секојдневно се соочуваме, нè натера да се насочиме кон подобрување на општеството и проширување на борбата на Студентскиот Пленум. Склопот на информираност, интелект, аналитика, време, енергија, дух и искреност е нешто со кое ќе треба да се соочи Владата на Република Македонија.

Студентски пленум Ве повикува повторно на Студентски Марш за уште еднаш да покажеме дека нашите дејствувања и ставови се непоколебливи, натпартиски и секогаш на страна на студентите. Ве повикуваме сите заедно да се одважиме и да создадеме плодна почва од која ќе можеме да ги воспоставиме вистинските вредности во едно општество и вистинските плодови потребни за едно квалитетно високо образование.

#ПоздравПленумци