(ВИДЕО) Груевски за “Бомба 33″: Колку и да сечел, лепел, се гледа дека станува збор за размена на мислења

од
85 прегледи

Оваа влада веќе 9 години е на власт и доколку сакала да го промени името, ќе го сторела тоа, но името не е променето. Напротив, СДСМ го смени-изјави премиерот Грувески на гостувањето во вестите на Сител.

GRUJO

“Ова е обид за манипулација. Со тоа што го објави не успеа да го постигне тоа што го сакаше, да не прикаже дека сакаме да и направиме лошо на Македонија. Колку и да сечел, лепел, се гледа дека станува збор за размена на мислења, истакна Груевски и додаде дека тиа е суштината на работата да се разговара и да се разменуваат мислења, да се најде решение.

Груевски додаде дека многу луѓе се нуделе да бидат посредници во разговорите, да помогнат со цел побрзо да се дојде до решение.

“Оставка нема да дадам, ниту пак преодна влада ќе има. Имам обврска да се најде решение и тоа ќе биде, колку и да Заев со неговите сценаристи посакува, нема да се повлечам, јас да се повлекувам би било кукавички чин. Заедно со сите мои соработници и со граѓаните на Македонија, мора да покажеме дека Македонија не може на ваков начин да биде на колена и нападната”, рече Груевски.