Граѓани и активисти обединети под движењето „#Протестирам“ и синоќа се собраа на протест во центарот на Скопје.Тие повторно беа спречени да протестираат пред објектот на Владата,па протестот го одржаа на булеврот „Климент Охридски“ во близина на Владата и порачаа дека нивните протести продолжуваат.

-Протестирам се договори денеска во 13 часот да се собереме пред Основниот суд Скопје 1 и оттаму да се упати кон Владата на Република Македонија на заеднички марш. Заедно со студентите ќе бараме ослободување на сите политички затвореници, притворени од 5 мај наваму, изјави за медиумите активистката Марија Матовска.
Освен ослободување на притворените демонстранти, #Протестирам бара оставки од целата Влада на чело со премиерот Никола Груевски, како и демократизација на институциите.
Граѓани од 5 мај. по објавување на политичката бомба во која се слушнаа детали за прикривање на убиството на младиот Мартин Нешкоски, па се до денес, секојдневно протестираат.