Светските рекорди поврзани со љубовта

од Vladimir Zorba
90 прегледи

Љубовта е едно од најсилните чувства кои можат да постојат. 575671b862483add90351142acacb537

Доказ за тоа е приказната на 91-годишната Дорин Лаки и нејзиниот омилен – 102-годишниот Џорџ Кибри кои се свршиле на Денот на вљубените и после тоа, во јуни, склучуваат брак. Двајцата го држат рекордот за најстарата двојка во светот, која склучува брак .

Ви претставуваме уште неколку светски рекорди поврзани со љубовта кои докажуваат дека ништо не е посилно од неа:

Најстарата брачна двојка, која го посетила Северниот Пол

Во 2008 година 79-годишниот Хајнц и 76-годишната Линда Фишер стигнале со хеликоптер до руската база Camp Barneo. Потоа отишле до Северниот Пол и останале таму цела ноќ.

Највисоката брачна двојка во светот

Ана Свон, која била висока 2,41 метри, се омажила за Мартин ван Бурен Бејтс, чија висина била 2,36 метри. Нивниот брак бил склучен во далечната 1871 година и двајцата уште се највисокиот венчан пар во светот!

Најстарата брачна двојка, која учествувала во маратон

Во 2008 година 78-годишната Миока и 83-годишниот Анан од Јапонија истрчаа вкупно 26,2 милји (околу 42 километри). Нивното комбинирано време било 7 часа, 36 минути и 22 секунди.

Најбрзиот брачен пар, кој учествувал во маратон

Кент и Норкио Сато, повторно од Јапонија, учествувале во маратонот во Токио во 2014 година. Тие ја победија конкуренцијата со резултат од 5 часа, 28 минути и 23 секунди.

Најдолготрајниот брак во светот

Херберт и Зелмира Фишер се венчале во 1924 година, а двајцата биле уште во своите тинејџерски години. Кога во 2011 година Херберт умира, двајцата имале брак кој траел цели 86 години!

Најдолгиот бакнеж

Екачај и Лаксана од Тајланд се бакнувале во текот на 58 часа, 35 минути и 58 секунди.

Најголемата игра “ме сака, не ме сака?”

Можеби самите вие сте си играле така додека сте биле мали деца? Во 2009 година 331 лица во Италија се запишани во Гинисовата книга на рекорди, бидејќи ја формирале најголемата игра “ме сака, не ме сака”. За резултатите ништо не се знае.

Најбројните обновувања на завети

Пред две години Лорен и Дејвид Блер од Тенеси си рекле “да” по100-ти пат откако се венчале во 1982 година. За вкупно 29 семејни години тие ги обновувале своите завети во просек три пати во годината.