„Дојдовме по нашата иднина. Испраќам јасна порака во име на сите нас овде, Македонци. Албанци, Турци, Срби, Роми, Бошњаци, присутни од сите националности граѓански здруженија, политички партии и политички определби. Груевски заврши твоето. Оди си. Во знак на почит и поддршка на безбедностните сили на едноминутен молк да одадеме почит на загинатите полицајци во Куманово. Почит и кон патриотите кои го ставија во ризик својот живот и своите семејства со тоа што ги доставија доказите кај нас за да се дознае вистината за Македонија. Се измачив вистината да ја види светлината на денот. Се излеа вистината низ зборови. Ништо не може повеќе да стори Никола Груевски освен да ја напушти оваа зграда позади нас. Да го разбудиме човекот да и помогне на Македонија. Кукавички од позиција на Премиер слушавме колку сурово се пресметувал со неистомислениците, казнувал, грабал цели згради и парцели, се инсталирал во судството за да се штити се одмаздувал дрско и ги погазил уставот и законите а и се пазарел за името. Сега се плаши дека ќе било кукавички ако заминел. Зарем не е кукавички сега да се држи во заложништво цела Македонија. Со волја или без волја Никола Груевски ќе замине, мора да замине. За да се врати демократијата, надежта и достоинството, за да ја исправиме на нозе Македонија која е фрлена на колена, на злоупотребите ќе ставиме крај. на овој ден ќе ставиме почеток на слободна Македонија. Решението за излез од најсложените политички кризи е Груевски да поднесе оставка, а со него и Марко Ѕврлески и Јован Илиевски и двајцатапродолжени раце на Груевски и Мијаков. Покрај нив оставка да поднесат и раководните структри на МРТВ. ДА се формира преодна Влада за организирање на фер и парламентарни избори со прочистен избирачки список. Ќе мора да се создадат услови за независно медиумско известување. Порачувам, дојдовме и не заминуваме додека не го вратиме мирот спокојот и достоинството на граѓаните на Македонија. Очекувам оваа најсилна порака вака мултиетнички обединета Македонија, очекувам од меѓународната заедница да помогне со директно учество за мирна разврска на политичката криза. Очекувам сите граѓани кои се денеска овде, невладините организации, политичките партии да ја помогнат посакуваната пресвтрница. ова зло нема да се повтори. Граѓаните веруваат и се обврзувам и гарантирам, Македонија ќе биде заедничка држава за сите граѓани кои се родени и живеат во оваа земја. Македонија 24 години е една држава две општества, такво нешто нема да дозволиме. Ќе биде едно општество на рамноправни граѓани. Различностите се наше богатство и ќе ги зацрвстиме вредностите“.
101