(ВИДЕО) Се монтира кампот, демонстрантите и Заев остануваат пред Владата

од desk3
100 прегледи

И кога ќе се расчисти метежот, остануваме тука – изјави Петре Шилегов, портпаролот на СДСМ, за „Мета“.

шатори пред влада

Тој додаде дека наскоро ќе се постават бини и сцени.

Заврши официјалниот дел од протестот кој се одржа пред Владата, а го организираа граѓанските организации и опозициските партии.

Повеќе од 4.000 граѓани и активисти ќе останат да спијат пред Владата и да го продолжат протестот се додека премиерот Никола Груевски не си поднесе оставка.

Ним им се приклучи и лидерот на СДСМ Зоран Заев кој разговара и се фотографира со граѓаните кои планираат да преноќат на платото пред Владата.

zaev so bebe posle protest

На тој простор се крева и нова бина за музички и други настапи, а неофицијално, се планира да има и филмски проекции.

На протестот говореа политичари, активисти и уметници.

Сите тие порачаа дека за државата да тргне напред, Никола Груевски мора да си замине. Побараа оставка од Владата и од премиерот, му порачаа дека народот повеќе не му верува.

На протестот пред Владата настапуваа „Белизе бенд“ и групата составена од новинари, „Репортерс“.

 

Извор: МЕТА