Големиот граѓански протест заврши од бината но продолжи во шаторите и кампот кој е поставен пред Владата на РМ
Дел од учесниците во денешниот масовен протест, продолжуваат да го искажуваат својот револт од актуелната власт со кампување пред зградата на Владата.
По завршувањето на обраќањата на поголем број активисти, граѓани, интелектуалци, аналитичари, политичари, пред Владата беа поставени шатори, а наместо големата бина беше поставена помала сцена. Граѓаните кои остануваат во протестниот камп вечерва се забавуваа со културно-музичка програма.
Меѓу нив е и претседателот на СДСМ, Зоран Заев, кој изјави дека ноќта ќе ја помине во еден од шаторите. Тој и граѓаните најавија дека протестниот камп ќе трае се додека премиерот Никола Груевски не си поднесе оставка.

