Денеска во Скопје треба да се одржи состанок на лидерската четворка: претседателот на ВМРО ДПМНЕ Никола Груевски, на СДСМ Зоран Заев, на ДУИ Али Ахмети и на ДПА Мендух Тачи, во присуство на американскиот амбасадор Џес Бејли и евро амбасадорот Аиво Орав.
Средбата е закажана за 13 часот и 30 минути во Клубот на пратениците. Таа е продолжување на средбата што почна во петокот, со цел излез од политичката криза во Македонија. Очекувањата се мали дека нешто повеќе од договро за договор ќе се случи, за разлика од очекувањата на веќе утрешната директна нова средаба во Старзбург во Европарламентот , меѓу Груевски и Заев.
