(ГАЛЕРИЈА) Симпатичното Колорадо

од Vladimir Zorba
69 прегледи

САД се атрактивна дестинација за многу туристи. Најпопуларните градови кои се искушение за странските гости на Америка обично се: Њујорк, Лас Вегас, Лос Анџелес, Вашингтон и Мајами.a357078b5a9d7b8c5ee588e4027c43fc

Се разбира, многу луѓе задолжително одат на север, за да уживаат и на Нијагарините водопади. Големиот Кањон во Аризона исто така е меѓу омилените места на туристите.

САД сепак не се исцрпуваат само со тоа. Земјата е доволно голема за да нема сомневање дека таму се крие и нешто друго, нешто многу убаво.

Фотографот Марк Флауер помина три години од својот живот во државата Колорадо, истражувајќи ги различните лица на ова место.

Главниот град на Колорадо е градот Денвер, но фотографот преферира да биде меѓу преубавата природа на државата, а не во неговите градови.

По површина Колорадо е рангиран на осмото место меѓу сите американски држави, па дефинитивно човек има што да види таму.

Мал дел од убавината на ова место може да најдете во нашата галерија . Таму ќе најдете различни фотографии на државата, кој го носи името на реката Колорадо. Уживајте!