Од утре и стечајците ќе кампуваат пред Владата

од desk3
81 прегледи

Од утре дел од стечајните работници ќе кампуваат во шатори пред Владата, најавија од УНИТ-пренесе Кумановоњуз.

3E659ECE-169C-440C-8A35-3A23418E0B13_cx0_cy17_cw100_mw1024_s_n_r1

Тие се приклучуваат на опозицијата и граѓанските организации кои бараат оставка од Владата, и велат дека во овие девет години власта си играла со нив.

Сите се борат за некое подобро утре. На сите им се дозволи да стават шатори, само на стечајните работници не. Ова е прилика да се приклучиме и да го кренеме нашиот глас дека не сме задоволни. Од утре натаму доброволци ќе се приклучат на кампувањето пред Влада – вели Лилјана Георгиевска, претседател на УНИТ.

Георгиевска се надева дека ќе дојде до промена на власта, а новата власт ќе ги обештети и трајно ќе се решат проблемите на стечајците.

Извор: Кумановоњуз