Атина е дефинитивно блиску до банкрот

од Vladimir Zorba
84 прегледи

Во преговорите меѓу доверителите и грчката влада за помош за еу милијардите  нема да биде постигнат наскоро договор, смета Меѓународниот монетарен фонд. “Ние се уште сме далеку од договор”, пишува во еден внатрешен за фондот документ,  кој е означен со натписот “строго доверливо”.

евра бро

Ликвидната  позиција на Атина е “напната”, сметаат експертите на Фондот. За ММФ меѓутоа поради недостаток на информации е невозможно да се направи точна проценка на ситуацијата. “Без оглед на тоа може да се каже дека владата нема да може да опстане  без помош  во претстојните  три месеци исплати во вкупна вредност од 11 милијарди евра”, пишува ММФ во документот,  цитиран од DPA. Не е јасно  нз какви обврски точно мисли  ММФ. Во овој период Атина треба да дотури  само на Фондот околу 2 милијарди евра. Кон оваа сума треба да се додадат и 6,7 милијарди евра, кои во јули и август Атина треба да ги  плати на Европската централна банка. Покрај тоа секој месец има плаќања кон пензионерите и државните службеници. Дури и последните исплати на пензии и транши кон ММФ Владата во Атина успеа да ги плати со големи тешкотии. Според ММФ и последената  транша од вториот спасувачки пакет во големина на 7,2 милијарди евра нема да биде вратена сега и покрај напнатата ситуација. За таа цел треба да има едногласно договор меѓу групата на доверителите – ЕУ, ЕЦБ и ММФ, се вели во документот.

Иако Фондот наоѓа дека има напредок во преговорите, истовремено наведува и  некои области каде што наскоро не се очекува да се постигне договор. Во однос на ДДВ и даночната администрација има напредок, пишува ММФ во документот, кој е со датум од минатиот четврток. Во однос на буџетските цели, сепак немало договор. Атина е на мислење дека може да  ги постигне новите цели без дополнителни мерки. “Сепак вработените на ММФ се убедени дека се потребни структурни фискални реформи”.

Премиерот на земјата Алексис Ципрас во петокот рече дека двете страни се договориле за буџетските цели и стапките на ДДВ. Во меѓувреме Атина се откажува од некои применети веќе мерки и има намера да се откаже од некои веќе договорени, смета ММФ. Во прилог Владата нема намера да ги спроведува веќе договорените мерки во областа на пензиските реформи, пазарот на труд и јавната администрација. На пример кабинетот во Атина почна да именува веќе отпуштени државни службеници и така повторно да го пумпа  државниот апарат. Сепак Владата била подготвено да започне какви било реформи во овие области, пишува уште ММФ во документот . “Досега Сепак не се знае какви мерки  има намера да преземе како алтернатива на договорите кои веќе се повлечени  или на оние кои се уште се предвидени во програмата “. Потсетуваме дека минатата недела стана јасно дека владата ткажала транши кон ММФ со пари на Фондот. Атина користела околу 650 милиони евра од депозитарна  сметка, за да го направи плаќањето. Според него владата користела уште околу 100 милиони. Евра од својата монетарна резерва.