Покрај камп пред Владата добивме и контра-камп пред Собранието

од desk3
116 прегледи

. Како што пренесуваат провладините портали, дел од контра-демонстрантите вечерва поставиле шатори и остануваат да спијат пред Собранието. во текот на целата вечер и веројатно и во следните денови. Според медиумите под контрола на власта, тие се т.н. „Чувари на демократијата и на изборната волја“.

kamp
-Собранието е симбол на државноста на Македонија, ќе останеме колку што е потребно, се додека не се отфрли во целост ова загрозување на државните и национални интереси кое го прави опозицијата и Сорос, кои сакаат да се дограбат до власт без избори и на штета на народот а во корист на туѓи интереси. Мора да разберат дека народот е самосвесен и слободољубив и нема да дозволи црни сценарија какви што тие посакуваат – рекол еден од граѓаните кои остануваат пред Собрание, пишува Курир и дополнува дека според информациите на организаторот се планирало целовремено присуство на најмалку 500-600 лица, за што ќе се поставеле и шатори и друга опрема и реквизити.

22495golema

Ова доаѓа на само еден ден по поставувањето на кампот пред Владата од страна на опозицијата а во кој се вклучени и граѓански организации.

predvlada2

Барањето на опозицијата и на граѓаните кои вчера во десетици илјади се собраа пред Владата, е оставка на Груевски и на Владата. Барањата на контра-камперите не се докрај јасни.