Груевски и Заев во Стразбур директно на средба со Хан

од Vladimir Zorba
96 прегледи

Првин средба со европратенците , а потоа она клучната средба -со бриселскиот еврокомесар Хан

evrokomesarot-han-deneska-vo-skopje-230223

Премиерот Никола Груевски и лидерот на СДСМ Зоран Заев денеска во Стразбур ќе разговараат со пратеници во Европскиот парламент, како и со претставници на Европската комисија. Најавено е тие да имаат средба и со еврокомесарот за преговори за проширување Јоханес Хан.

Претходно шефовите на дипломатиите на Европската унија се осврнаа врз ситуацијата во Македонија по што портпаролот на Европската комисија Маја Коцијанчич изјави дека Унијата внимателно ги следи настаните во Македонија и ги охрабрува лидерите да го продолжат дијалогот.

Позициите се крајно тврди спротиставени , барем така личи според изјавите, Груевски смени тројца свои клучни играчи и си дадоа оставки и сеуште вели :

– Нема оставки, нема повлекување, нема предавање!

Според него, големите политички амбиции на Заев никогаш нема да се реализираат Не само што Заев  никогаш нема да биде премиер, туку никогаш повеќе нема да биде ни градоначалник на Струмица. рече Груевски

Заев  вели нема отстапување од оставка на Груевски и формирање на преодна влада која ќе ја подготви државата за следните избори и враќање на демократијата!

Меѓународната заедница преку шестмината амбасадори ги разјасни работите и бараат истрага за „Бомбите“ и корупцијата  на власта.Тој притисок го принуди Груевски да ги смени своите најлојални- министри играчи :Миле, Гордана и Мијалков

Сега е ред да видиме што ќе се менува по  средабата  со бриселскиот врв во  Стразбург?