Во петок започнува судењето против осум лица, меѓу кои има и студенти, за протестите што се одржаа пред Владата на 5 мај. Обвинителството минатата недела поднесе обвинителни предлози против 12 лица за кривично дело „учество во толпа што ќе спречи службено лице во вршење на службено дејствие“- информира Призма
Меѓу обвинетите од оваа група се двајцата студенти од Студентски пленум, Давид и Венко, како и вујкото на Мартин Нешковски, кои се во притвор веќе две недели. Еден од обвинетите, поради здравствени причини е во куќен притвор.
Судењето за втората група од четворица обвинети кои се сомничат за истото кривично дело, се очекува да започне на почетокот на наредниот месец. Меѓу обвинетите во оваа група е Бошко Јакимовски, попознат како Црвен, кој зад себе има повеќе кривични пријави.
Повеќе ТУКА
