Електронско поврзување на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство со Катастарот, предвидуваат најновите дополнувања на Законот за продажба на земјоделското земјиште во државна сопственост кои денеска го поминаа првото читање пред матичната собраниска комисија.

– Со ваквите интервенции во Законот, им се излегува во пресрет на земјоделците. Тие се растоваруваат од досегашните административни процедури, како и од чекањата пред шалтерите, посочи заменик-министерот за земјоделство Ванчо Костадиновски.
Според него, двете институции, Катастарот и Министерството, електронски ќе разменуваат податоци независно дали станува збор за информации од уписи или предмети за запишување во Катастарот.
Дополнувањата добија едногласна поддршка од членовите на Комисијата.