Ако немате 3,9 милиони американски долари, не можете да го набавите луксузниот стан во Рим, кој бил сопственост на култниот италијански режисер Федерико Фелини.
Живеалиштето се наоѓа во елитниот елегантен кварт на италијанската престолнина “Париоли”. Фелини живеел во овој дом меѓу 1956 и 1968 година, токму во времето кога зема три од петте “Оскар”-и и го прави филмот “Сладок живот”.
Фелини живеел тука во текот на 12 години, заедно со сопруга Џулиета Масина(двајцата се заедно до неговата смрт во 1993 година).
Бидејќи Фелини и Масина немаат деца, околу имотот имало доста интриги и спорови.
Станот е со површина од 280 квадратни метри и е на петтиот кат во една од најпознатите згради во областа, со поглед кон паркот “Villa Elia”.
Живеалиштето располага со три спални, ателје, кујна, трпезарија, веранда со камин, како и неколку гостински соби. Освен тоа има импресивна тераса.
Мермерните бањи и дрвениот ретро мебел во класичен стил, го чуваат духот на времето во кое Фелини живеел таму.














