Фатени ајдуци кои краделе по цркви и манастири во радовишко

од desk3
74 прегледи

download (3)

СВР Струмица, поднесе Известување до ОЈО-Струмица, против  двајца малолетници од с.Лубница, општина Конче, поради постоење основи на сомнение дека сториле седум кривични дела и тоа шест кривични дела „тешка кражба,,  од цркви и манастири на подрачјето Радовиш и едно кривично дело „одземање на моторно возило“. Имено пријавените кражбите ги вршеле ноќта помеѓу 12 и 13 април 2015 година, со употреба  на погоден предмет-хебла насилно ги отварале влезните врати од црквите и манастирите на подрачјето на с.Дедино, с.Горно Ињево и с.Ракитец при што одземале пари и други предмети. По извршувањето на кривичните дела искористувајќи згодна прилика одзеле ПМВ „Шкода Фелиција“ ставајќи го во погон, кое подоцна откако заглавило го оставиле, а патот до с.Лубница  го продолжиле пеш. Од извршените кривични дела  пријавените се стекнале со противправна имотна корист од околу 209.450 денари,.